Насловна / Вести / Изградба на затворен пазар во Виница

Изградба на затворен пазар во Виница

виница

Општина Виница продолжува со реализација на планираните проекти од програмата 2013 – 2017 година. Приоритет ќе има почетокот на изградба на затворениот пазар во Виница.

– И годинава ќе продолжиме со поставување на улично осветлување и пешачка патека на влезот на општина Виница и негово комплетно уредување, изградба и целосно уредување на инфраструктурата во почнатата со градба индустриска зона, како и завршување на работите околу уредувањето на забавниот парк Виниленд. Сепак приоритет ќе се даде на отпочнувањето на изградбата на затворениот пазар за што веќе се направени измени на Деталниот урбанистички план. Вкупната инвестиција ќе изнесува 50 милиони денари, средства кои ќе бидат обезбедени од буџетот на општината и од продажба на градежно неизградено земјиште, – изјави градоначалникот на општина Виница Емил Дончев.

Тој најави реализација на уште неколку проекти кои ќе бидат финансисрани преку програмата на Источниот плански регион.

Испрати коментар

Scroll To Top