Фотографот Ed Reeve поднел барање до англиските власти за изградба на подземна железничка станица под својот дом во Лондон. Неговата куќа завршена со изградба во 2007 година се наоѓа на местото на кое е планирана изградбата на железничка линија Crossrail 2. Оваа транспортна линија треба да ги поврзе линиите север-југ и исток-запад, а се планира да биде завршена најдоцна до 2030 година.
Барањето на Reeve е да се надоврзе на постоечкиот проект со тоа што ќе постави сопствена железничка станица преку рампи. Тој смета дека со ова ќе постави еден вид прототип за приватно-јавна иницијатива за поврзување со главната инфрастуктура и истовремено неговото мислење е дека секој има право да инвестира во сопствената можност за полесна комуникација со главните инфаструктури, се додека со ваквиот пристап не го попречува развојот на соседството.