Општина Бутел деновиве започна со реализација на уште еден проект кој е од витално значење за граѓаните.
Имено, во северниот дел на Визбегово каде што се градат стамбени објекти за индивидуално домување, започна изградбата на нова фекална канализација.
Фекалната канализација ќе биде во должина од 1000 метри.
Изведувач на работите е фирмата „Енергомонт“ од Скопје, која за еден месец треба да го заврши овој проект.
Средствата во висина од 3.000.000,00 ден. се обезбедени од буџетот на општина Бутел.