Новиот терминал на аеродромот „ЏФК“ во Њујорк ќе добие име „Арка“, според библискиот брод со кој Ное ги спасувал животните од изумирање.
Проектот вреден 48 милиони долари се состои од хотел за домашни миленичиња и спа центар преку кој на годишно ниво ќе „уживаат“ над 70.000 животни.
Луксузното сместување нуди базени во форма на коски, терапии со масажа, спа услуги, па дури и маникир и педикир за „средување“ на домашното милениче.
Изградбата на „Арка“ на 17.000 квадратни метри е веќе започната и тоа на местото на стариот, и многу помал терминал VetPort. Проектот го потпишува реномираното архитектонско биро Gensler.
Ноќевањето во овој луксузен „пет“ хотел ќе чини 50 долари, но со доплата од 50 долари домашното милениче ќе биде во можност да ужива во луксузен апартман со голем кревет, ТВ, веб камера…
Терминалот ќе има дел за кучиња наречен Paradise 4 Paws со базен во форма на коска, додека мачките уживаат во паркот Cat Adventure Jungle составена од дрва за качување.
Терминалот не е резервиран само за џет-сет кучиња и мачки, односно тој ќе биде во можност да биде домаќин и на птици и гуштери, па дури и на егзотични животни како што се зебрите. „Арка“ е опремена и со штала за 70 коњи и 180 крави како и специјални базени за парење на пингвини. За нивното здравје, ќе биде задолжени ветеринари од Универзитетот Корнел.
Изградба на „Арка“ започна во мај оваа година и се очекува отворањето да биде следната година.