Насловна / Вести / Изградба на две монтажни катни гаражи во Клинички центар

Изградба на две монтажни катни гаражи во Клинички центар

На вчерашната седница на Советот на Град Скопје се исгласа Одлуката за согласност на инвестиционата програма за 2019 година на јавното претпријатие Градски паркинг – Скопје. Во рамките на оваа програма Град Скопје преку ЈП Градски паркинг предвидува нови 1.500 паркинг места во градот во текот на оваа година.

кл
Од Градот велат дека: „ Програмата предвидува изградба на две монтажни катни гаражи во рамките на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ со вредност од 50 милиони денари, со што капацитетот на ова паркиралиште предвидено е да се зголеми за дополнителни 350 паркинг места. Едната катна гаража предвидено е да биде изградена во непосредна близина на Клиниката за гинекологија, а другата во непосредна близина на Клиниката за инфективни болести.
Со изградбата на овие две катни гаражи ќе се зголеми проточноста на возилата во кругот на Клинички центар што во најголем дел се возила во сопственост на вработените. Со тоа ќе се намали сообраќајниот метеж кој подолг период се создаваше и го нарушуваше редовното функционирање на Клиничкиот центар. На тој начин се излегува во пресрет, пред се, на потребите на пациентите кои ги користат услугите на Клиничкиот центар, а секако се излегува во пресрет и на дел од барањата на вработените на Клиничкиот центар, како и на студентите и наставниот кадар на Факултетот за медицина“.

Испрати коментар

Scroll To Top