Зеленилото во Oпштина Аеродром ќе се наводнува со техничка вода со околу 1500 прскалки кои ќе црпат вода од бунарите за наводнување. Изградбата на автоматски систем за наводнување на зеленилото во населбата Јане Сандански во Аеродром денеска ја најавија градоначалникот на Општина Аеродром Ивица Коневски и градоначалникот на Град Скопје Коце Трајановски.
„Се работи за површина од 13 хектари и се протега од Булеварот„ Србија“ па се до ОУ„Ѓорѓија Пулевски“, општина Аеродром имплементира автоматски систем за наводнување на зеленилото, истакна Коневски.
Целокупната инвестиција чини седум милиони денари, средства кои се од буџетот на општина Аеродром, истакна Коневски.
Овој систем за наводнување понатаму ќе го превземе и ќе го одржува ЈП „Паркови и зеленило“.