Трговскиот центар „Шкафа“ во сараевската населба Раковица изгорел во пожарот што избувнал изминатата ноќ.
Пожарот избувнал некаде пред полноќ, на терен веднаш излегле противпожарните единици кои речиси два часа се бореле со огнената стихија. Според сараевските медиуми, пожарот го гаснеле 45 пожарникари со 16 противпожарни возила.
Причините за пожарот, кој целосно го уништил трговскиот центар, не се познати. Во пожарот нема повредени, а штетата дополнително ќе се утврдува.