Насловна / Вести / Изглсано задолжувањето кај ЕБРД за финасирање на брзиот автобуски превоз во Скопје

Изглсано задолжувањето кај ЕБРД за финасирање на брзиот автобуски превоз во Скопје

Во петокот е изгласан законот за задолжување кај Европската банка за обнова и развој (ЕБРД) за финансирање на проектот „Воведување на брз автобуски превоз во Град Скопје“. По неколку месечна собраниска процедура Град Скопје конечно може да почне со имплементација на проектот за воведување брз автобуски превоз (БРТ). Заемот од ЕБРД ќе изнесува 70 милиони евра, а градоначалникот Петре Шилегов вели дека Владата наскоро ќе го потпише договорот за задолжување.

тр3_resize

Идејниот проект за трамвајот на тркала од Ѓорче Петров до Ново Лисиче во моментов е во фаза на изработка од стручњаци од Битола, Скопје, Белград, Лондон и Брисел и наскоро Град Скопје очекува да го добие.

тр1_resize

„Моите очекувања се дека до крајот на јуни ќе се создадат можностите да се распише тендерот. Важно е да се напомене дека во рамките на ЕБРД, овој проект е заведен како зелен проект и се финансира во рамките на мрежата на зелени градови, каде Скопје е член. За мене и за Скопје е важно што е ова верификација на еколошките политики кои што ги креира Градот и што после 40 години конечно ќе почне да се имплементира овој стратешки проект за градот“, вели Шилегов.

тр2_resize

Трасата од Ѓорче Петров до Ново Лисиче ќе биде со должина од 12,81 километри во една насока, ќе има 21 автобуска постојка и 2 терминали, во индустриската зона во Ѓорче Петров и во населбата Ново Лисиче. Според првичните проценки, приближниот број на патници кои ќе ја користат оваа траса ќе биде околу 65.000 на ден. Со имплементција на првата фаза, се очекува времето на патување од сегашните 70 минути да се намали за повеќе од 50 отсто, да се зголеми фреквенцијата на автобуси на 3-4 минути. Автобусите ќе бидат со хибрид на гас и со должина од 18 метри. Времето потребно едно возило да ја помине трасата од Ѓорче Петров до Ново Лисиче или обратно ќе биде 35 минути.

Испрати коментар

Scroll To Top