Многу е неблагодарно да се зборува само за едно лице како најдобар готвач на светот, бидејќи вкусовите главно се разликуваат. Сепак, CNN неодамна го прогласи готвачот Рене Реџепи за највлијателен готвач на светот, а неговиот ресторан „Нома“, четири пати бил прогласен за најдобар ресторан.
Со оглед на горенаведените факти, сосема е јасно да се заклучи дека секој нов проект на Реџепи ќе се очекува со нетрпение. „Нома“ наскоро ќе ги затвори своите врати, а новиот „Ресторан 108“ треба да го пополни нејзиното место на гастрономската сцена во Копенхаген.
Дизајнерското студио Space Copenhagen доби задача да преуреди стара индустриска фабрика и да проектира модерен ресторан на високо естетско ниво.
Веќе неколку години во тренд е дизајнирање на ентериери во кои се гледа што повеќе да се зачува од старите и индустриските структури кои вклучуваат бетон, и да се даде што постуден тон над целото место.
Со цел да се создаде потопла атмосфера, се воведуваат модерни и интересни детали, како што се висечки светлечки тела, зелени парчиња мебел и многу зелени растенија. Дизајнерското студио кое го уредил ентериерот е одговорно и за мебелот со кој е опремен, а кој е уникатен и наменски. Гостите ќе имаат можност да изберат дали сакаат да седат на квадратни маси за двајца, тркалезни маси за неколку луѓе или, пак, на големи заеднички маси.