Насловна / Арт и дизајн / Изглед на новиот павилјон на познатата лондонска галерија Серпентин

Изглед на новиот павилјон на познатата лондонска галерија Серпентин

Данското архитектонско студио Bjarke Ingels Group (BIG) го откри изгледот на новиот павилјон на познатата лондонска галерија Серпентин.

Bjarke Ingels и неговиот тим, на јавноста ѝ ги претставија првите рендери на новиот павилјон на галеријата Серпентин, кои ќе бидат претставени во својот сјај на почетокот на летото.galerija serpentin2

Проектот го испитува концептот на контраст преку формата и визуелниот впечаток. Имено, павилјонот е осмислен како забеста структура налик на напластени ледени блокови, која, благодарение на употребата на плексиглас и други прозрачни материјали, ќе го менува својот изглед зависно од аголот на гледање.galerija serpentin4

Архитектите го споредија проектот со „растворен“ ѕид, кој во својата внатрешност крие 290 квадрати простор во кој посетителите ќе можат да го гледаат павилјонот од поинаква перспектива.bjarke-ingels-portrait

Bjarke Ingels (1974) е дански архитект и тој е предводник на архитектонското биро Bjarke INGELS Group (BIG), што го основал во 2005 година, со канцеларии во Копенхаген и во Њујорк.galerija serpentin3

Њујоршката канцеларија е основана во 2010 година, и работи на проекти во Северна Америка. Од 2006 година, Bjarke Ingels работи со 11 дополнителни партнери.galerija serpentin

Во BIG во моментов се вработени околу 300 архитекти, дизајнери, градежници и теоретичари кои доаѓаат од повеќе од 25 земји од Скандинавија, Северна Америка, Јужна Америка, Далечниот Исток и континентална Европа.

 

Испрати коментар

Scroll To Top