Во Романија ќе се гради најголемиот солерен парк во земјата со инсталирана моќност од 1.000 MW, а неодамна проектот доби и одобрение за приклучување на мрежа. Соларниот парк ќе се наоѓа во градот Арад недалеку од границата со Унгарија, а во него ќе бидат вложени околу 700 милиони евра. Изградбата е планирано да заврши во 2024 година. Проектот се опишува како најзначаен зелен проект во историјата на земјата, кој ќе отвори повеќе од 1.000 работни места. Во моментот најголемата оперативна соларна електрана во Романија има капацитет од само 60 MW, додека моќноста на најголемиот ветерен парк е 260 MW.
И додека ширум светот се води дебата за изградбата на постројки за обновливи извори на енергија на земјоделско земјиште, романскиот парламент неодамна усвои амандман на Законот за земјиште со кој се отстрануваат регулаторните бариери за земјиштето од lll, lV и V класа. На земјоделските земјишта ќе биде дозволена изградба на соларни електрани, ветерни електрани, електрани на биомаса и биогас, како и складишта и трафостаници, што е досега забрането. Исто така, ќе биде можно да се користи за проекти со двојна намена кои вклучуваат производство на електрична енергија и земјоделски активности.