Компанијата M+ Grupa, е прва во Хрватска која издаде одржливи обврзници во вредност од 40 милиони евра. Оваа хрватска компанија се занимава со пружање услуги на контакт центри и аутсорсинг за деловни и технолошки процеси во 14 земји. Одржливите или ESG обврзници (Environmental, Social and Governance) се новост ан светските пазари на капитал. Тие се наменети за инвеститорите кои освен профит очекуваат и позитивни резултати од работењето во однос на животната средина и општеството.
Стратешки партнери за емисиите на обврзници се Erste&Steiermärkische Bank, членка на Erste Group, и Европската банка за обнова и развој (EBRD). Останатите купувачи се институционални инвеститори, меѓу кои осигурителни куќи и инвестициски фондови. M+ Grupa се обврзала да ги намали емисиите на јаглерод диоксид за 25 % и да ја зголеми застапеноста на жените во управувачката структура на 51%.
Инаку и грчката компанија GEK Terna на крајот на 2021 година најави пласирање на обични обврзници со клаузула поврзана со одржливоста, а Србија со помош на зелени обврзници собра една милијарда евра.