Минатиот месец Поштата на Северна Македонија издаде комеморативна поштенска марка за Кензо Танге во сеќавање на неговиот придонес во реконструкцијата на Скопје.
Кензо Танге е еден од најзначајните јапонски архитекти на дваесетиот век. Тој го дизајнираше планот за реконструкција на Скопје по земјотресот во 1963 година.
Кензо Танге е симбол за пријателството помеѓу Јапонија и Северна Македонија и Амбасадата на Јапонија ја цени соработката со Поштата на Северна Македонија.