Неодамна заврши архитектонскиот конкурс и избрано е првонаграденото решение за Музејот на град Белград, на аголот на Немањина и Ресавска. Автори на победничкото решение се Горан и Јелена Војводиќ и Јована Грујевска. Нивниот труд, според оценките на жирито, во целост ги исполнуваат потребите на градот во функционална и естетска смисла.
„Музејот на градот во овој момент е распореден на неколку локации, а идејата е со реконструкција на објектот на поранешната воена печатница, да се обезбеди единствен музејски простор“, вели Милутин Фолиќ, главен урбанист на Белград.
Објектот ќе има доволно изложбен простор, музејско депо, но и мултифункционална сала, книжарница, продавница за сувенири и кафетерија која ќе гледа кон пространиот двор. Во дворот ќе се креира „живот на отворено“ во вид на амфитеатар со зеленило и археолошки лапидариум, предвиден за предавања, работилници и проекции.
Вкупната површина е 13.800 метри квадратни а во неговата реконструкција ќе бидат вложени 10 милиони евра. Проектната документација ќе се работи во текот на 2017-та, а изведбата е планирана за 2018 година.