Насловна / Архитектура / Избрано идејното решение за ресторанот „Езерце“ во Градскиот парк

Избрано идејното решение за ресторанот „Езерце“ во Градскиот парк

Ezerce - idejno reshenie (4)
Идејното решение на авторите Филип Конески, Борко Георгиев и Иво Ѓорѓиев е одбрано на конкурсот за нов изглед на некогаш популарниот ресторан „Езерце“ во Градскиот парк во Скопје. На конкурсот што го распиша oпштина Центар, беа доставени 25 труда.

00 Ezerce - idejno reshenie (2)
Одбраното решение претставува две споени школки со големо стаклено пано во делот што гледа кон паркот. Жири комисијата, составена од вработени во општината и надворешни експерти, констатира дека идејното решение ги почитува постоечките структури, како што се дел од железничката станица на теснолинејката по која одеше познатиот воз „Ќиро“ и дел од некогашниот летен шанк.

ezerce-2
Сега следи изработка на тендерска документација за склучување договор за основен проект со првонаградениот. Сите проекти објавени на конкурсот ќе бидат претставени на изложба која ќе се организира наскоро.

 

Испрати коментар

Scroll To Top