Новата концертна сала што ќе се гради на местото на сегашната Универзална ќе биде во форма на јајце, ќе има голема сала со 2.500 до 3.000 седишта, мала за камерни изведби со околу 300 места и административни простории. Идејното решение е на архитектите Стојан Павлевски и Иван Симеонов од „Стоун дизајн“, а е избрано од 10 идејни решенија пристигнати на конкурсот на Министерството за култура.
Овој проект едногласно го избрала деветчлена стручна комисија, под претседателство на архитектот Вангел Божиновски, која решила и да награди пет идејни решенија. Нејзината одлука денеска на прес-конференција ја соопшти министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска.
– Со овој проект градот Скопје и Република Македонија ќе добијат нов, модерен објект кој ќе овозможи современи услови за одржување манифестации и настани од секаков вид. Верувам дека Универзалната сала ќе биде нов хералдички знак на градот Скопје, нов културен центар во кој секојдневно ќе се презентираат врвните културни вредности од нашата држава и од светот – рече министерката за култура.
Архитектот и претседател на Комисијата Вангел Божиновски соопшти дека на конкурсот се пријавиле автори со разновидни размислувања. За избраниот проект смета дека е голем и сериозен зафат што досега го немало во македонската архитектонска продукција.
– Драго ми е што доби признание и можност за натамошна реализација едно барокно решение, кое барокот го третира на специфичен начин, во рамките на еден модерен израз… На проектот му претстои сериозна работа понатаму за да може да се доведе во фаза на изведба – рече Божиновски, додавајќи дека треба да се земат предвид некои сегменти и од другите понудени решенија за да се добие квалитетен проект.
Архитектот Павлевски откри дека јајцевидниот облик на идната сала симболизира раѓање, зашто во Универзална се одржале многу детски фестивали од кои изникнале многу македонски музички ѕвезди.
– Понудивме современо решение со кое мислиме дека Скопје ќе добие нова репер-точка препознатлива во регионот и во Европа – рече Павлевски.
Следен чекор во процесот е објавување тендер за избор на фирма-проектант која ќе го изработи основниот проект, потоа тендер за изведувач, и од целата процедура ќе зависи рокот и износот на изградба на новиот објект за кој од буџетот се наменети средства.
Не ме воодушевува.
Sega Koce ke ima + uste edno made 🙂
dosta so simboliki -jajce pa sto znaci.Kako site znacajni objekti da se so simbolika. A,, sovremeniot,, barok da ne mu se ljuti vladata oti otisol na pomoderna linija.Ima vreme vnatre ce go unakazat.Dodusi za sovremen barok dosega ne sum cula.Vangel i se e mozno
Pre bi se reklo ideata e asocijacija na gnezdoto od peking olimpijada.Ama deckite se snasle i neka im e.Samo bez zarodisi i prikazni za mali deca
Spoj na gravceto vo Chicago i Nacionalniot stadium vo Peking napraven za letnata Olimpijada 2008. Auditoriumot so svojata forma potsekja mnogu na eden proekt na UNStudio – Dance Palace vo Petersburg koj deluva ednostavno i moderno, samo sto kaj UNStudio salata e vo bela boja. Ocekuvav posmelo resenie na formata na auditoriumot namesto pravoagolnik vo jajce.
Cinizmot na Vangel nema granici…