Општина Чаир го избра идејното решение за изработка на релјеф за постаментот на спомен-обележјето на „Скендер-бег“, што се наоѓа на истоимениот плоштад во изградба.
Првата награда во износ од 100.000 денари ја доби Тома Томаи Џамо, a на огласот имало двајца учесници.
Kако што објасни Бетим Зекири, член на комисијата за избор на идејното решение и еден од проектантите на новиот плоштад Скендер-бег, потребата за релјеф на постаментот на споменикот е поради новонастаната реализација околу него, како и за да се создаде подобра релација меѓу посетителите и самиот споменик.
– Релјефот ќе биде во долниот дел од постаментот и ќе се однесува на фигурата на Скендер-бег и неговиот живот и дејност. Се работи за два релјефа кои ќе бидат направени на поширокиот дел од постаментот – изјави Зекири.
Од Општината Чаир велат дека ќе следува објавување оглас за изведувач, но тоа најверојатно ќе во биде в година.