Hines Architecture + Design и Design Collaborative се избрани за проектанти на новата зграда на парламентот на Јамајка во Кингстон. Заедно со архитектите Christopher Bent и Gregory Lake, победничкиот тим е избран во конкуренција на 24 апликанти. На меѓународниот конкурс учествуваа архитектонски тимови од целиот свет, меѓу кои од Италија, Канада, САД, Велика Британија, Турција и Аргентина. Победничкото решение Out of Many, One People ќе биде изградено во Паркот на Националните херои во Кингстон. Новата зграда на парламентот е дел од мастер планот за развој на центарот на Кингстон. Инспириран од историјата на земјата, културата и традицијата, проектниот концепт ја слави синергијата помеѓу луѓето и идеите.
Изградбата на новата зграда на парламентот на Јамајка ќе започне во 2021 година.