Здружението ArchMedium за организирање на меѓународни конкурси наменети за студенти и млади архитекти во месец јуни оваа година го објави конкурсот за изработка на идејно решение за нова јавна установа во Охрид посветена на водните спортови.
Земајќи ги предвид историските, културните и природните вредности на Охридското Езеро, ArchMedium бара решение чијашто првична функција ќе биде спортски воден центар каде што ќе се промовираат сите видови на водни спортови кои се застапени во Охрид. Во идејните решенија треба да се предвидат простори за складирање на спортска опрема, административен дел кој ќе служи за организација на охридскиот маратон секоја година, простории за припрема и вежбање на натпреварувачите, хала, просторија за одржување разновидни настани, бар, ресторан и простор за привремени изложби.
Предвидената локација за овој објект се наоѓа во источниот дел на Охрид веднаш до објектот на Армијата на РМ каде што моментално е поставен скејт парк, а главна пристапна улица до објектот треба да биде улица Туристичка.
Жирито составено од архитектите Александар Радевски, Антонио Петров, Бесиан Мехмети, Огнен Марина и Елена Аспровска во јули месец оваа година го дефинираа победникот на конкурсот.
Првата награда на конкурсот ја добија група студенти од факултетот Politecnico di Milano, „Camakama“: Greta Katerina Malavolti, Katarzyna Pawlik, Marta lole Proccacio и Matteo Rapini, со концепт кој се базира на линеарен потег којшто е трансверзален, отворен и лесно пристапен до јавноста наспроти затвореноста на Самоиловата тврдина, којашто е во близина на самата локација.
Втората награда ја доби Takuma Jonson од Cornell University.
Третата награда ја доби тимот студенти „RMSW“: Soo Woo и Richard Mui од University of Waterloo.
Останати проекти кои учествуваа на конкурсот:
„Up+F” – Urszula Chomiak, Pavel Potemkowski, Paulina Fraczak од Westpomeranian University of Tehnology
,,Phoenix” – Palladino Julia, Cannesson Cecile
„Stigb” – Leo Claudius Bieling, Luca Tognu, Claudia Scaravaggi, Severino Iritano, Giacomo Guazzolini од Politecnico di Milano
„Gomboca” – Sanja Otasevic, Danica Jovanovic, Milos Mirkovic од Politecnico di Milano
„Anahuac Norte Mexico” – Alba Silva, Joseph Martinez, Karla Valadez од Универзитетот Anahuac во Мексико
„StudioFour” – Alexandra Boxomer, Annalisa di Carlo, Selcan Emer, Chuthathip Sae-Eng од Politecnico di Milano и Универзитетот во Лајбниц
„Team Zjc” – Zhong Ji Cai, Muye Ma, Ning Zhu од McGill University
„Ajpv” – Ana Queiros, Joao Morais, Pedro Rocha, Vania Couto од универзитотот во Порто
„Cr Team” – Tathiana Castro Carballo, Maria Jose Gonzales Chacon, Jonathan Zuniga од Universidat Creativa
„Mk” – Mateus Halek, Kamil Schynoi од University of Tehnology Opole