Насловна / Вести / Избран концепт за хумано домување наместо бетонизација на Расадник

Избран концепт за хумано домување наместо бетонизација на Расадник

Вчера беа објавени резултатите од меѓународниот конкурс за Расадник, за идејно решение за ДУП за оваа градска четврт во Кисела Вода. Два од вкупно пет пристигнати труда, освоија еднаков максимален број на поени и рамноправно го поделија првото место, како најдобар одговор на барањето на Општина Кисела Вода за обезбедување на хумано живеење во населбата Расадник. Се работи за проекти на проектантска куќа од Хрватска, AG PLANUM doo и од група архитекти од Грција, предводени од Alexios Tzompanakis, за кои одлучуваше стручната меѓународна жири комисија. Третото место го освоија Team PUPA, Life over space, од Литванија, а беше откупен и еден труд од професори и студенти од Меѓународен Балкански Универзитет од Македонија. Настанот го отвори градоначалникот Орце Ѓорѓиевски кој беше иницијатор на конкурсот, но кој ,како што вети, од самиот почеток до крајот, беше изоставен од одлуките. Тој даде кус осврт на случувањата со Расадник за кој претходното раководство на општината предвидуваше изградба на 99 згради.

к1

„За прв пат после изборот на планот на Кензо Танге за обнова на постземјотресно Скопје во 1965тата, Општина Кисела Вода распиша Меѓународен конкурс за избор на идејниот лик на ДУП-от за Расадник и денес ги имаме резултатите. Почитувани, често пати го добивам прашањето дали по овој конкурс Расадник навистина ќе биде заштитен од бетонизација односно дали избраното решение навистина ќе оневзможи изградба на стотици згради. Веднаш ќе ви одговорам со ДА. Предлог планот за Расадник од 2020 година на претходната општинска гарнитура во делот кој денес е зелена површина односно неизградениот дел од Расадникот предвидуваше 99 згради и скоро 1 милион м2 станбена површина додека за градежни парцели со намена зеленило имаше површина од околу 10,000 м2. Сите пристигнати трудови од меѓународниот конкурс, сите денес изложени решенија, како што може и сами да видите,  имаат над 100.000 м2 зелена површина односно Кисела вода и Скопје добиваат нов Градски парк со површина од над 100.000 м2, што е за 10 пати поголема зелена површина од предложениот Урбанистички план во 2020 година.

к4

Во однос на станбени објекти, вкупната етажна површина за градење со намена домување во неизградениот дел од Расадникот изнесува максимално 192,400 м2 што е за 80% помала од предлог планот од 2020 година“, изјави градоначалникот Ѓорѓиевски кој се заблагодари на жири комисијата и на поддршката на целокупната стручната јавност во Македонија од областа на урбанизмот до Архитектонскиот факултет во Скопје, Комората на овластени архитекти и инженери и Асоцијацијата на архитекти на Македонија, на професорите од Политехничкиот универзитет во Торино кои денес беа присутни заедно со деканот од овој универзитет, како и на граѓаните кои беа дел од Партиципативното тело.

к7

Резултатите ги објави Претседателот на жири комисијата, деканот на Архитектонскиот факултет во Скопје, Огнен Марина, кој истакна дека Меѓународниот конкурс за Расадник е резултат на еден визионерски и одговорен процес на создавање подобра иднинa за граѓаните на Кисела Вода и Градот Скопје и дека соработката на Општина Кисела Вода со стручната јавност треба да биде добра пракса која треба да ја следат и другите општини.

к6

„Жири комисиjата одржа шест седници, на кои врз основа на извештајот за исполнетост на основните услови од објавата на конкурсот, како и исполнетост на проктната задача, со посебен осврт на квантитативните параметри, исполнетост на посебни услови (изводливост, етапност, економичност, конструкција, ускладеност со важечки прописи и други аспекти, донесе заедничка одлука коа е афирмативна ко процесот на организација и реализација на меѓународниот архитектонско-урбанистички конкурс и соодветна на квалитетот на пристигнатите проекти“, изјави претседателот на жирито, професорот Огнен Марина.

к9

На Меѓународниот конкурс за Расадник се доделија две први рамноправни награди, едно трето место и еден откуп.

AG PLANUM doo,  Хрватска

Marko Cvjetko, mag.ing.arch

Miron Hržina, mag.ing.arch

Ivica Keršić, mag.ing.arch

Dunja Sloković,mag.ing.arch

Elena Tikvić,mag.ing.arch

к10

ГЛАВЕН АРХИТЕКТ

Alexios Tzompanakis,  Грција

ТИМ

Angeliki Benioudaki, architect

Diamantaki Maria

Goula Marianna

Klouvidaki Emmanouela

Kokouva Athina

Krystalogianni Eleni

Ouranou Argyro

Palaiologos Georgios

к5

Трето место:

“Team PUPA, Life over space”, Литванија

Tadas Jonauskis

Justina Muliuolyte

Lukas Kulikauskas

Hristina Sekuloska

Jurate Volkavičute”

к3

Откуп:

“Меѓународен Балкански Универзитет”, Македонија

Prof. Dr. Aleksandar Andovski

Asst. Prof. Dr. Marija M. Janakieska

Asst. MSC Nadica Angova Kolevska

Fatih Seifulla

Sadik Saipi

Esra Aliti

Edi Ademi

Samir Bekteshi

Arman Kacaniku

Abdul Kerim Sejfulla

Cenisa Telak

Revajet Abdirrahmani

Belkize Osmani

Andrej Proshevski

Angelina Stojkovska

Asrit Limani

Сите пристигнати трудови се јавно изложени во Домот на култура „Билјана Беличанец”, а изложени се и трудовите на студентите од Архитектонскиот факултет при УКИМ-Скопје, како и студентските проекти од мастер студиите на Одделот  за архитектура и дизајн на Политехничкиoт универзитет во Торино, кои не се натпреваруваа на конкурсот. За ликот на Расадник твореа и основците од неколку училишта во Кисела Вода и нивните цртежи  исто така се дел од изложбата.

к8

Испрати коментар

Scroll To Top