Комората на овластени архитекти и овластени инженери -КОАИ ќе одржи избори.
Централната изборна комисија (ЦИК) информира дека со Одлука бр.02-126/7, донесена од страна на Собранието на 22 февруари 2025 година, се распишани избори во Комората за мандатниот период 2025-2029, кои ќе се одржат во среда на 2. април 2025 година.
За да можете да учествувате во изборниот процес потребно е да бидете активен член на Комората со подмирена годишна чланарина.
Во електронскиот Регистар на овластени архитекти и овластени инженери https://clen.komoraoai.mk можете да го проверите вашиот статус. Во апликацијата е овозможено плаќање со картичка.
Доколку не сте регистрирани претходно, потребно е да се регистрирате овде -> https://clen.komoraoai.mk/register со емаил адресата на која ја добивте оваа порака.
НАПОМЕНА: Секој член на Комората задолжително треба да користи прсонална имаил адреса.