• Непланирање на иден развој
Една од најчестите грешки кои ги прават компаниите при изборот на деловен – канцелариски простор е непланирање на можностите за иден развој и потребата за дополнителен простор во иднина. Работиме на динамичен пазар, со брзи промени во трендовите каде флексибилноста на просторот се наметнува како стандардно барање од кое во голема мера ќе зависи и успешноста на една компанија.
Една од клучните работи при изборот на канцелариски простор е соодветно и колку што е возможно да се предвиди идниот развој и согласно на тоа да се избере простор кој ќе биде флексибилен и кој најдобро ќе може да одговори на сите промени и потреби на компанијата.
• Цена на закуп – фактор број 1 при изборот
Избор на деловен – канцелариски простор базиран само на висината на цена на закуп е пракса кај голем број на компании. Несогледување на таканаречените скриени трошоци (трошоци за одржување, идни поправки итн.) придонесува планираните трошоци во голема мера да отстапуваат од реалните по изборот и вселувањето во деловниот простор.
Локацијата, квалитетот на просторот и деловната зграда, патната инфраструктура и достапноста се само дел од факторите кои заедно со цената и вкупните трошоци треба да се земат в предвид во процесот на избор на канцелариски простор.
• Дизајн на просторот
Флексибилност на работниот простор и уредување кои овозможуваат оптимални услови за работа можат да ја зголемат продуктивноста и креативноста на вработените. Светските трендови покажуваат дека сè повеќе компании ставаат акцент на грижата за своите вработени, квалитетот на просторот и условите за работа. Уредувањето на канцеларискиот простор од страна на стручни лица во областа, а во линија со специфичните потреби на компанијата ќе придонесе за поголема ефикасност, позадоволни вработени и поуспешен бизнис.
• Водење на комплетниот процес на избор во рамките на компанијата
Процесот на изнаоѓање на вистински деловен – канцелариски простор е многу повеќе од само едноставен избор на простор. Секој чекор од процесот изискува специфично знаење и искуство од одредена дејност – брокери, консултанти, правници, архитекти, инженери. Професионален пристап и тим од стручни лица од областа на недвижностите ќе овозможат да се изнајде најдобриот простор кој во целост ќе ги задоволи сите потреби на компанијата.
За крај
Деловниот простор во кој секојдневно ги извршувате работните обврски влијае директно како на вработените така и на вашите клиенти, а со тоа и на целокупниот ваш бизнис и успех. Оттука, изборот на идеален деловен-канцелариски простор е комплексен процес каде многу фактори треба да се земат в предвид. Со помош и ангажирање на стручни и искусни специјализирани компании за недвижен имот како ФМС, ќе добиете професионална услуга и вистинско решение за сите ваши потреби за канцелариски простор.