Изборот на нов Претседател на Собрание на Асоцијација на архитекти на Македонија – ААМ ќе се одржи на почетокот на март 2025 година. Активните членови на ААМ, кои ја имаат подмирено членарината до денот определен како краен рок за учество во гласањето, ќе го остварат своето право по пат на електронско гласање.
Како што беше претходно објавено на изборот ќе учествуваат двајца кандидати, колегите, архитект Ангел Ситновски и архитект Јане Стојаноски, за кои ќе бидат доставени работни биографии благовремено пред гласањето.
Краен рок за подмирување на членарината со можност за учество во гласањето е заклучно со 28. февруари 2025 година.