Инженерите од University of Maryland во САД, создале нов термизолациски материјал кој може да „блокира“ намалку 10 степени повеќе од стиропорот или силикатниот аерогел. Исто така, тој е и 30 пати појак од стиропорот , а се чини дека е и еколошки поприфатлив. „Нановрвото“ (nanowood), како што истражувачкиот тим го нарекува, е произедено со сечење на стандардно дрво, односно американска липа во почетните истражувања, од кое по хемиски пат е отстранен лигнинот. Лигнинот му дава на дрвото жолта/смеѓа боја но и соодветна цврстина. Потоа, дрвото се суши со замрзнување со цел да се одржи неговата структура, односно неговите целулозни влакна. Снопот од целулозни влакна има одлични термоизолациски својства, кога топлината минува попречно на снопот.
Се разбира, до неговата комерцијална примена има уште многу работа. Еден од главните недостатоци е неговата запаливост, а исто така не е сеуште утврдено колкав ќе му биде експолатациониот век. Понатаму, со оглед на сложениот процес на производство, трошоците може да бидат сериозен проблем на патот кон пазарот.