Создавање поволни услови за развивање и спроведување национална политика за економија на гориво во Република Македонија е главната цел на проектот за стабилизирање на емисиите на стакленички гасови од патниот сообраќај преку двојно намалување на потрошувачката на гориво, кој денеска беше презентиран пред преставници на Националната работна група од повеќе институции во државата.
Министерот за животна средина и просторно планирање Нурхан Изаири на отворањето на состанокот истакна дека Министерството преку изработката на Националниот план за климатски промени го препозна транспортот како еден од поважните сектори што влијаат на емисиите на стакленички гасови.
– Податоците покажуваат дека секторот транспорт учествува со 25 проценти во вкупната побарувачка на енергија. Спрема развојните сценарија за побарувачката на енергија, трошоците за обезбедување на потребната енергија и емисиите на стакленички гасови во различни развојни сценарија до 2050 година, најголемо загадување на потрошувачката на финална енергија се очекува во секторот транспорт, околу 172 отсто, односно се очекува емисиите на CО2 во транспортот да пораснат над 140 проценти, рече Изаири.
Нагласи дека намалувањето на стакленичките гасови од транспортот може да се регулира преку регулаторни и фискални мерки што ќе поттикнат купување и употреба на еколошки и енергетски ефикасни аевтомобили. Како пример, рече министерот, намалување на даноците за купување нов еколошки автомобил, а зголемување за другите автомобили.