Ивон Фарел и Шели Мекнамара, ко-основачи на „Grafton Architects“, се овогодинешните лауреати за најпрестижната награда во архитектурата Pritzker. Фарел и Мекнамара се 47-те добитници на Pritzker. Наградата им е доделена „за нивниот интегритет во пристапот кон нивните згради, како и за начинот на кој ја спроведуваат својата практика“.
Архитектите се првите приматели на наградата од Ирска и тие се четврта и петта жена што се прогласени за победници на престижната Pritzker.
Тие ги следат Заха Хадид, единствениот победник во 2004 година, Казујо Сејима, кој победи заедно со Рју Нишизава во 2010 година и Карме Пигем, која победи заедно со Рафаел Аранда и Рамон Вилалта во 2017 година.
Годинешното жири ги опиша Фарел и Мекнамара како „пионери во полето кое традиционално беше и сеуште е машка професија“.
Фарел и Мекнамара, кои се ко-основачи на „Grafton Architects“ во Даблин во 1978 година, беа прогласени и за добитници на наградата „РИБА“ на крајот на минатата година.
Universita Luigi Bocconi во Милано
Парот има згради низ целиот свет. Тие ја освоија наградата „Светска зграда на годината“ во 2008 година за Universita Luigi Bocconi во Милано и Меѓународната награда РИБА за универзитетски кампус УТЕК Лима во Перу, а кампусот за Медицинскиот факултет на Универзитетот во Лимерик беше во потесен избор за наградата Стирлинг во 2013 година.
Жирито ја додели наградата на Фарел и Мекнамара за начинот на кој го водат своето студио и „нивната дарежливост кон нивните колеги“.
“Честопати се боревме да најдеме простор за спроведување на вредности како хуманизам, занает, великодушност и културна врска со секое место и контекст во кој работиме. Ова е прекрасно признание за амбицијата и визијата на клиентите кои нарачуваа проекти од нас и ни овозможија да ги реализираме нашите објекти“, рече Мекнамара.
Универзитетски кампус УТЕК Лима во Перу
Доделувањето на наградата Pritzker ќе биде во мај годинава.
Во 2019 година наградата му беше доделена на Арата Исозаки, која се смета за највлијателен повоен архитект во Јапонија, додека Балкришна Виталдас Доши беше победник во 2018 година. Наградата претходно ја добија Алехандро Аравена, Фреј Ото, Рем Колахас, Норман Фостер и Тојо Ито.