Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов, денес (13 јуни) ќе го додели признанието „Инженерски прстен 2014“ на најдобрите дипломирани студенти коишто ги негуваат инженерските дисциплини.
Церемонијата на доделувањето на признанието ќе се одвива на платото пред Светиклиментовиот храм „Свети Пантелејмон“ на Плаошник во Охрид, во 19 часот.
Традиционалната манифестација „Инженерски прстен“, која е во организација на Инженерската институција на Македонија, а под покровителство на Претседателот Ѓорге Иванов, претставува поттик за изучување на инженерството и придонес за формирање на квалитетен инженерски подмладок, компатибилен со развиените земји.
Ќе беше поинтересно ако беше кажано и која масонска лоѓа ја представуваат Иванов и прстените. Според знакот, очигледно е дека се работи за нова масонска лоѓа.