На пластиката и е објавена војна, барем кога станува збор за производи за еднократна употреба. Италијанските скијачки центри исто така воведуваат забрана за користење на пластика за една употреба со интересни пораки за гостите.
„Имам зелен сон“ е мотото на ски-центарот „Пејо 3000“ во Трентино, применувајќи ја познатата изрека на Мартин Лутер Кинг за скијачко опкружување без пластика. Беа поставени огромни знаци низ целото одморалиште, како што се „Остави ја целата пластика, вие што влегувате овде“ или „Намалете ја пластиката – тоа е мал чекор за човекот, огромен скок за човештвото“.
Зимскиот центар, лоциран на Алпите, стана првиот италијански ски-центар што забрани пластични производи за еднократна употреба. Војната со загадувачките материјали беше објавена откако научниците открија дека блискиот глечер Форни може да содржи меѓу 131 и 162 милиони пластични честички.
Забранети се пластични чаши, лажици и цевки, дневните скијачки карти сега се од картон. Еко-заштедите не се мали. Само минатата година, 137 илјади скијачи го посетија ова одморалиште.
“Во основа променивме сè, почнувајќи од малите предмети. Пластичните шишиња се заменети со стаклени, како и цевките, садови, чаши за еднократна употреба. Целата пластика е отстранета и заменета со алтернативни материјали како што е целулозна паста, картон или други материјали што се компатибилни со природата“, објаснува Марко Лео, директор на ресторан.
Ова не е прв еколошки избор што го направи долината. Тие веќе користат обновлива енергија произведена од три мали хидроцентрали.
Приватните домови, хотелите и јавните згради се загреваат со евтин систем заснован на локален шумски отпад.