Насловна / Вести / Италијански Enel ја напушта Романија, сите негови фирми ги купува грчкото електростопанство

Италијански Enel ја напушта Романија, сите негови фирми ги купува грчкото електростопанство

Италијанската енергетска компанија Enel, потпиша спогодба за продажба на своето целокупно портфолио во Романија на грчката компанија Public Power Corporation за 1,26 милијарди евра.  Грчката страна превзема и долг од 300 милиони евра.  Договорот се склучил после долг процес на преговори.

FILE PHOTO: Illustration shows Electric power transmission pylon miniatures and Enel logo

Грчкото електростопанство, кое владата го контролира преку малцински удел, со оваа зделка добива и 350 милиони евра удели во помали фирми на Enel во Романија. Инаку Enel досега беше втора компанија по уделот во областа на дистрибуцијата на електрична енергија во Романија, со три фирми во кои е мнозински сопственик, покривајќи 35% од пазарот. Италијанската компанија претходно соопшти дека ќе се фокусира на ббизнисот во матичната земја, како и во Шпанија, САД, Брзил, Чиле и Колумбија. Исто така прави подготовки за влез во Грција, Аргентина и Перу.

enel2

 

Испрати коментар

Scroll To Top