Во едно мало италијанско село Ревиглиаско, на само неколку километри од Торино, се наоѓа шармантна вила која е совршен пример на италијанскиот стил и архитектура.
Вилата датира од XVII век и некогаш припаѓала на еден познат гроф. Се состои од главен објект од 650 квадратни метри, посебни куќарки за домар и градинар, како и барокна капела која е изградена во 1668 година.
Имајќи го сево ова предвид, овој имот е ставен на продажба по цена од 3,2 милиони евра.
Поделена на три нивоа, главната вила има две дневни соби, студио, трпезарија, опремена и извонредно осветлена кујна и две бањи. Сето ова се наоѓа во приземјето. На првиот кат се наоѓа главната спална соба со вграден плакар и бања.
Терасата води до интимниот будоар, додека погледот на двориштето дава впечаток на елеганција и комфорност.
Исто така, вреди да се споменат и трите големи спални соби со приватни бањи и вградени плакари, додека вториот кат е се уште недовршен и бара внимание и љубов од страна на идните нови сопственици.