Иако Fiat останува верен на традицијата и се придржуваше до класичниот рецепт кај новиот модел 500, сепак има купувачи кои и натаму го сакаат „оригиналот“. Токму тоа може да им го понуди компанијата Real Italian Car Company. Станува збор за компанија со седиште во италијанскиот град Lucca, која го реставрира и го продава класичниот Fiat 500. Цел тим стручњаци посветува големо внимание на секој детал. Компанијата во својата работа ги вклучила дури и оние механичари кои свовремено работеле на Fiat 500, а италијански дизајнер на мебел се грижи за завршните детали. Меѓу досега реставрираните автомобили се моделите Fiat 500D, 500L и 500F, како и Spiaggina buggy. Што се однесува до цените, тие с едвижат од 9.000 евра па нагоре, во зависност од преференциите на купувачот.