Насловна / Архитектура / Италија: Зграда чие зеленило апсорбира 23.000 kgCO2 јаглерод диоксид годишно

Италија: Зграда чие зеленило апсорбира 23.000 kgCO2 јаглерод диоксид годишно

После успехот на револуционерниот проект  Bosco Verticale, Stefano Boeri Architetti прави голем чекор во популаризацијата на трендот на прекривање на зградите со дрвја. Со својот нов проект, студиото се враќа на т.н тема „вертикални шуми“ со зграда прекриена со зеленило која може дa се пофали со карактеристики на одржливост и со апсорпција на големи количини на CO2. Проектот наречен Bosconavigli се создава во соработка со Arassociati, Milano 5.0 и дизарнерот на пејсажи  AG&P Greenscape. Тоа е дел од развојот на миланскиот речен брег на кој е предвиден линиски парк, а ќе го предводи Carlo Ratti Associati.

босцонавигли4

босцонавигли1

Bosconavigli ќе има степенеста форма во облик на буквата L, со површина од околу 8.000 квадратни метри и околу 90 станбени единици, кои се проектирани така да максимално ја искористуваат природната светлина. Во приземјето се планирани јавни простори, вклучувајќи и ресторан, базен, теретана и сауна. Надворешноста ќе ја краси обилно зеленило, вклучувајќи и неколку висечки градини, кои ќе се состојат од над 170 стебла, 8.000 грмушки и 60 различни растителни видови. Авторите веруваат дека зеленилото ќе апсорбира околу 23.000kg CO2 годишно, иако не пресметале колку CO2 ќе бидат емитувани во текот на изградбата на зградата.

босцонавигли2

босцонавигли3

Stefano Boeri Architetti наведува дека оваа зграда ќе биде одржлив жив организам бидејќи вегетативниот систем дизајниран да ги филтрира микрочестичките од прашина ќе го намали загадувањето со истовремено намалување на потрошувачката на енергија благодарение на термичката инерција. Притоа, авторите истакнуваат дека илјадниците растенија кои ќе ја покриваат зградата делуваат како бедем за биодиверзитетот и ќе ја менуваат бојата и профилот на зградата со менувањето на годишните времиња. Покрај тоа, зградата ќе има и фотоволтаици и систем за собирање на дождовницата, како и геотермален систем за греење и ладење. Се очекува објектот да биде завршен до 2025 година.

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top