RCF Arena, која во мометот е во изградба, е проектирана од страна на Iotti + Pavarani Architetti, Tassoni & Partners и Lauro Sacchetti ќе биде најголемиот простор за настани и концерти во Европа. Се наоѓа во италијанскиот регион Емилија Ромања, и може да прими до 100.000 луѓе. Отворањето е закажано за 12-ти септември 2020 година, а зафаќа простор од 20 хектари. Вклучува зелен простор за меѓународни настани, како и концертен простор за домашни настани. Има нагиб од 5% со што се овозможува одлична видливост за публиката и оптимална акустика. Изведбените работи се во тек уште од април 2018 година.