Трансформацијата на прозорците во микро производители на електрична технологија со помош на фотоволтаичната технологија наскоро ќе биде можна благодарение на иновацијата од Италија. Имено, неодамна Италијанскиот Институт за технологија ги претстави интелигентните low-cost прозорци направени од графен.
Индустријата веќе со години бара решенија за креирање на интелигентни прозорци кои би биле во состојба да произведуваат електрична енергија само со помош на сонцето, но без истовремено блокирање на сончевата светлина што е случај кај традиционалните фотоволтаични ќелии. Новиот конецпт се базира на технологијата dye-sensitized solar cell (DSSC), која веќе се користи кај традиционалните фотоволтаици, но новината која ја развиле италијанските истражувачи е замената на платината со графен.
Ова решение ги намалува трошоците за производство за околу 10.000 пати. Првите прототипи на новиот модул со површина од околу 50 cm2 веќе се тестирани, и во поглед на ефикасноста се споредливи со конвенционалните фотоволтаични плочи.