Насловна / Вести / Италија пред Судот на Европската Унија за проблеми од областа на екологијата

Италија пред Судот на Европската Унија за проблеми од областа на екологијата

Европската комисија одлучи да ја упати на Италија пред Европскиот суд на правдата, поради два одвоени случаи кои се поврзани со законодавството од областа на заштитата на животната средина. Имено, според известувањето од Европската Комисија, првиот случај се однесува на загадувањето на воздухот и италијанскиот неуспех во заштитата на граѓаните од влијаието на азотните оксиди. Затоа, Комисијата ја повикува Италија да ги почитува договорените гранични вредности за квалитетот на воздухот, и да превземе соодветни мерки за намалување на нивото на загадувањето во 10 агломерации кои покриваат околу 7 милиони луѓе. Греничните вредности за NO2  утврдени со законодавството на ЕУ за квалитетот на надворешниот воздух (Директива 2008/50 /ЕЗ) требаше да бидат исполнети во 2010 години. Загадувањето на воздухот директно предизвикува и хронични и сериозни болести, а изгубените работни денови го чинат стопанството милијарди евра. Втората постапка против Италија, се однесува на загадувањето на водата. Италија не успева насекаде да обезбеди системи за третирање на отпадните води, согласно директивата  за прочистување на комуналните отпадни води.

Инаку, вкупно во тек се 14 прекршочни постапки против државите членки поради надминување на ограничувањата на  NO2 (Австрија, Чешка, Белгија, Германија, Грција, Данска, Франција, Шпанија, Унгарија, Италиа, Луксембург, Полска, Португалија и Велика Британија.)

justice2

Испрати коментар

Scroll To Top