Десничарската влада на италијанската премиерка Џорџа Мелони, планира враќање на нуклеарната енергија преку воспоставување на нова правна рамка, најдоцна до 2027 година. „Италија е подготвена да се врати на нуклеарната енергија. Тоа е важна одлука која нема да ги замени обновливите извори на енергија, туку ќе ги надополни со цел обезбедување на урамнотежен и одржлив енергетски микс“, изјавил министерот за енергетика за италијанскиот дневник Il Sole 24 Ore. Се очекува првичниот нацрт на новиот закон да и биде наскоро претставен на владата.
Италија ги запре своите операции во областа на нуклеарната енергетика по катастрофата во Чернобил од 1986 година, а последните нуклеарни електрани се затворени по референдумот во 1990 година. Откако ја презеде должноста на крајот на 2022 година, премиерката Мелони често ја најавуваше својата намера за враќање на нуклеарната енергија, со посебен фокус на малите модуларни реактори. Опозициските партии и еколозите ги критикуваат овие планови.