Насловна / Вести / Италија најавува милијарда евра за субвенции за нови автомобили

Италија најавува милијарда евра за субвенции за нови автомобили

Италија оваа година ќе обезбеди речиси една милијарда (950 милиони) евра, субвенции за граѓаните за купување на „почисти“ автомобили, но и со цел да го зајакне сопствениот автомобилски сектор. Станува збор за субвенции во висина до 13.750 евра за граѓаните со најниски примања, како поддршка за купување на нов целосно електричен автомобил чија цена не надминува 35.000 евра без ДДВ. Истата категорија граѓани ќе може да добие до 10.000 евра за нов plug-in хибрид кој чини до 45.000 евра.  Ќе бидат обезбедени и субвенции за нови автомобили со мотори со внатрешно согорување, но во многу помал број. Досега граѓаните можеа да добијат субвенции за купување на електрично возило до максимум 5.000 евра.

meloni1

Најавените субвенции се дел од програмата за помош на автомобилската индустрија. Вкупниот пакет мерки „тежи“ 8 милијарди евра. Од друга страна, најавата за овие субвенции се поклопува со судирот ан владата со автомобилскиот гигант Stellantis, сопственик на Fiat. Премиерката Мелони, неодамна рекла дека Stellantis, кој работи и во Франција и во САД, понекогаш влечел деловни потези штетни по италијанските национални интереси. Извршниот директор на компанијата, рекол дека италијанските субвенции за развој на електрични возила се пониски од оние во другите големи европски земји, а таквата политика не е добра за производството. Од минатото лето, официјален Рим и Stellantis преговараат за долгорочен план кој би го свртел постоечкиот тренд, со цел зголемување на производството во Италија на милион возила. Лани произвеле 750.000.

meloni2

 

Испрати коментар

Scroll To Top