Насловна / Вести / Италија ќе го ограничи бројот на туристи за да ја заштити природата во крајбрежните гратчиња

Италија ќе го ограничи бројот на туристи за да ја заштити природата во крајбрежните гратчиња

Cinkve tere Italija1

Италија сериозно планира да го намали бројот на туристи кои ова лето ќе го посетат  заштитеното подрачје „Cinque Terrе“, Национален парк кој се наоѓа на листата на UNESCO од 1997 година.

Cinkve tere ItalijaСе работи за област со пет мали гратчиња со извонредна живописност, која ги вбројува меѓу најзначајните дестинации на медитеранското крајбрежје. Но, од година во година крузерите полни со туристи почнуваат да го загушуваат овој природен предел и да предизвикуваат поголема штета отколку бенефит за локалната економија.

View of Bogliasco. Bogliasco is a ancient fishing village in Ita

Минатата година, овој дел на северозападна Италија го посетиле скоро 2,5 милиони туристи. Локалното население вели дека туристи со крузерите стигнуваат секојдневно, а шефот на паркот „Cinque Terrе“, вели дека нивниот број би требало да се намали на 1,5 милиони годишно, пренесува „Guardian“.

Portofino Italija

„Ние сигурно би биле критикувани за овој потег, но тоа е за нас прашање на опстанокот“, додава тој. Патиштата што водат до овие подрачја се опремени со уреди за мерење на бројот на посетители, а кога ќе се достигне одреден број, пристапот ќе биде затворен. Влезниците би се продавале online.

Cinkve tere Italija2

 

 

 

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top