Италија сигнализираше дека е малку веројатно до крајот на годината да го продаде државниот удел во енергетската компанија Enel со оглед на неповолните прилики на пазарот, а наместо тоа би можела да го национализира разнишаниот производител на челик Ilva. Владата најави дека до крајот на годината ќе продаде пет отсто од уделот во Enel. На Италија и требаат пари за да го намали огромниот јавен долг кој достигна 132 отсто од БДП. Италијанската економија за шест години три пати падна во рецесија, а поранешниот премиер Марио Монти зацрта во 2012 година дека годишно ќе се продава државен имот во противвредност од еден отсто од БДП, односно околу 16 милијарди евра. Актуелниот министер за економија изјави дека во владата „сфатиле дека им е потребно повеќе време“ за да извлечат максимална вредност за компаниите како што е Enel.