Европската инвестициска банка (EIB) со 450 милиони евра го финансира инвестицискиот план на компанијата Ferrovie dello Stato (FS) Italiane Group (во чиј состав е и превозничкото претпријатие Trenitalia) со цел да набави вкупно 135 нови еколошки прифатливи и енергетски ефикасни хибридни возови. Вкупното вложување на Trenitalia во овие возови, од кои половината ќе сообраќаат низ јужна Италија, изнесува 960 милиони евра.