Порталот Power Engineering International известува дека италијанската влада објавила предлог за напуштање на термоцентралите на јаглен до 2025 година. Со тоа Италија би се придружила на земјите како Велика Британија, Холандија и Ирска кои веќе објавија такви планови.
Во согласност со оваа своја политика, италијанската влада побарала од својот оператор на електропреносниот систем, да подготви проценка за сите потребни активности за адаптирање на електроенергетската инфраструктура. Најголемата италијанска електроенергетска компанија Enel уште од порано најави дека нема да вложува во нови термоцентрали на јаглен. Од друга страна пак, Италија сериозно се ориентира кон електромобилноста, и има за цел до 2020 година да изгради 19.000 станици за полнење на електрични возила.