Насловна / Вести / Истражување: Во ЕУ произведена повеќе енергија од Сонце отколку од хидроцентрали

Истражување: Во ЕУ произведена повеќе енергија од Сонце отколку од хидроцентрали

Европската унија ова лето произвела повеќе електрична енергија во фотонапонските централи отколку во хидроцентралите. Ова го покажува истражувањето на институтот Ember Climate. Имено, од мај до август, произведени се 99,4TWh електрична енергија од Сонцето, што е за 28% повеќе од истиот период минатата година. Со тоа фотонапонските системи ги надминаа хидроцентралите според учеството во енергетскиот микс и се изедначија со ветерните електрани. Од друга страна, нивото на акумулациите во европските хидроцентрали драстично падна ова лето поради долготрајните жештини.

emberclimate1

Во Ember Climate истакнуваат дека дури 18 од 27-те земји членки на ЕУ ги собориле рекордите во уделот на соларната енергија во вкупното производство на електрична енергија. На прво место е Холандија со 23% удел на соларната енергија, па следуваат Германија со 19% и Шпанија со 17%. Удели повисоки од 10% имаат и Белгија, Кипар, Данска, Естонија, Грција, Унгарија и Италија.

Во последните 4 години, своите соларни капацитети највеќе ги зголемила Полска, за дури 26 пати, а уделот на соларната енергија ова лето бил 8%.

emberclimate2

 

Испрати коментар

Scroll To Top