Насловна / Вести / Истражување: Кои автомобили најмалку губат од вредноста со текот на годините?

Истражување: Кои автомобили најмалку губат од вредноста со текот на годините?

Стручњаците за автомобилска индустрија анализирале над 72 милиони податоци за автомобили од различни брендови за периодот од 2019 до 2022 година во Европа, САD и Австралија, со цел да утврдат кои автомобили најмалку губат од својата првобитна вредност. Porsche, Jeep и Mini се трите брендови кои најмалу губат во вредноста низ годините, а најголемите губитници се Chrysler, Audi iи Seat.

cars1

Меѓу возилата кои задржуваат добар дел од својата вредност се и Hyundai и Toyota. Овие возила се барани кај купувачите на половни автомобили бидејќи обично немаат високи трошоци за одржување. Од друга страна, еден Chrysler просечно за 25 години губи 96,8% од својата вредност. Генерално, просечната старост при која возилата највеќе губат на вредноста е 20 до 23 години. Но тоа зависи од брендот. На пример, Porsche и Mini имаат најниска цена кога ќе наполнат 15 години, но потоа нивната вредност повторно расте. Isuzu, Suzuki, Kia и Dacia достигнуваат најниска вредност дури кога ќе наполнат 30 години. Доколку некој модел се смета за редок, вредноста на автомобилот значително може да се зголеми и покрај годините на старост. Во 90-тите години, BMW произвел само 891 примерок од моделот M5 E34 Touring. Од нив, 20 имале посебно име – Elekta и биле наменети за италијанскиот пазар, со посебна боја и стил на енетериерот. Потрагата по еден ваков модел денес е како барање игла во пласт сено. Колекционерите се подготвени да платат најмалку 100.000 американски долари за овој редок автомобил.

cars2

Испрати коментар

Scroll To Top