Насловна / Арт и дизајн / Истражувачка јахта на славниот руски дизајнер

Истражувачка јахта на славниот руски дизајнер

Секогаш кога во описот на истражувачка јахта ќе се најде „навигација без граници“, тоа значи дека бродот може да плови во било кој дел на светот, во било кое годишно време, каков што е опист на последниот експедициски концепт на архитектот, дизајнер и реномиран наутички дизајнер Макс Живов.

3

Овој епски крузер од 164 стопи, познат како 165 Viatorem, претставува врвен брод во новата Neo Explorer серија на рускиот дизајнер. Viatorem во превод значи патник, а оваа истражувачка јахта е токму тоа. Нејзиниот ефикасен труп дава оптимална потрошувачка на гориво, додека во исто време ветува вистинско уживање при пловидба. 165 Viatorem моделот има хибриден систем на пропулзија и специјални стабилизатори, поради што може да плови удобно, дури и по немирни води.

1

Дизајнот на екстериерот и нејзината наутичка архитектура, кои се рачна работа на Живов и турската компанија Otobot Project gurp, истовремено се префинети и модерни. Нејзините линии добиле класична палета на бои, додека јахтата е многу елегантна и покрај своите големи димензии. Јахтата има челичен труп и суперструктура од алуминиум, но по барање, може да биде креирана и од композитни материјали.

2

На палубата патниците можат да уживаат во луксузен ентериер, комплетиран со простан салон со стаклени панели. Бродот може да прими десет гости во апартман кој има свој балкон и четири кабини за гости. Покрај тоа тука е и beach клуб со базен, лежалки и бар. На јахтата има и хелиодром, доколку ви е потребна дополнителна возбуда.

11 4

Испрати коментар

Scroll To Top