Насловна / Архитектура / Историскиот центар на Кито добива нов вертикален град

Историскиот центар на Кито добива нов вертикален град

Познатата архитектонска фирма BIG го има потпишано проектот на кулата EPIQ, која во јавноста се карактеризира како нов вертикален град, кој на своите  24 спрата ќе обезбеди значителна површина за канцеларии и станбен простор. Инспирацијата за овој вид дизајн е пронајдена во главниот град на Еквадор, кој е класифициран во културното наследство на УНЕСКО.

Kito

“Историскиот центар на градот Кито, со своето црвено поплочување поставени во стилот на рибја коска, е вистинска експлозија на форми, бои и геометрија“,  вели Bjarke Ingels, основач на фирмата BIG.

Кула EPIQ се состои од две меѓусебно поврзани структури чија фасада е покриена со розови плочки наредени во рибја коска, со идејата објектот да се поврзе со згради од стариот дел на градот кои датираат од 16 век, а чија фасада е само со боја на лосос.

Kito1

“Како архитекти, често се плашиме од игри со бојата. Сепак, сметавме дека би било интересно во Кито да се користи бојата за да се нагласат различни архитектонски блокови и ма тој начин на секој волумен да се даде нијанса на црвено“, додава Ingels.

Со цел да се создаде што е можно повеќе простор во зградата за дружење, игри и пријатна работа, во структурата се вметнуваат големи зелени џебови.

Kito2

Големите стаклени фасадни делови обезбедуваат значителна површина од природна светлина во внатрешноста на зградата, како и поглед на градот од речиси секој дел од зградата.

Според презентираните визуелни елементи, становите треба да имаат отворен план за организација на просторот, обликуван преку едноставна внатрешна декорација во која доминира комбинација од бело и дрво.

Kito3

Освен што сите жители на зградата ќе имаат свои приватни балкони, ќе можат да пристапат до заеднички отворен простор организиран на различни нивоа на кулата.

Постојат бројни други заеднички објекти, како базен, кино, куглана, спа центар, фитнес, и деловен простор, како и простории за организирање на настани и детски игри.

Kito4

BIG, како и компаниите Uribe & Schwarzkopf со која учествува во развојот на овој проект, имаат намера во кулата EPIQ да вметнат многу одржливи системи, кои по нејзиното отворање во 2022 година би требало да претставува еден од клучните објекти за иднината на Кито, кој во моментов е во експанзивен процес на развој.

Kito5

Kito6

Kito7

Kito8

Испрати коментар

Scroll To Top