Соларната сонда на NASA, Parker, стана првото летало кое влегло во соларната атмосфера. Сондата прелетала низ Сончевата корона, горнот слој на атмосферата на Сонцето, собирајќи таму честички и податоци за магнетните полиња, соопшти NASA, опишувајќи го овој потфат како „џиновски скок за соларната наука“.
„Допирот на сонцеото со сондата Parker е монументален миг за соларната наука и навистина извонреден подвиг“, рекол Thomas Zurbuchen од Управата за научни мисии на NASA. „Не само што оваа пресвртница пружа подетален увид во еволуцијата на нашиот Сончев систем, туку и сето она што ќе го научиме за нашата ѕвезда, исто така ќе ни донесе повеќе сознанија и за остатокот од вселената“, додал тој. Следниот прелет на сондата низ соларната атмосфера се очекува во јануари 2022 година.