Кремљ во Москва, огромниот фортифициран комплекс кој содржи пет палати и четири катедрали, бил официјална резиденција на Руската империја. Опкружен е со ѕидини и 20 кули заради одбрана на просторот, а изграден е во далечната 1156 година. До август 1935 год., кулите на Кремљ биле украсени со хералдички двоглави орли, но со одлука на новата власт, овие симболи се заменети со петокраки.
Дизајнот на новиот симбол воопшто не бил лесен. По наредба на Сталин, дизајнот и изработката се водени од страна на Централниот аеро-хидродинамички институт од Москва, под раководство на професор Жуковски. Конечниот дизајн е одобрен по неколку корекции и ревизии.
Во самата изработка биле вклучени стотици луѓе од различни професии. Сликари, занаетчии, инженери, сите работеле посветено и тимски. Првите петокраки биле изведени од црвен бакар и нерѓосувачки челик, подоцна украсени со злато и 7.000 полускапоцени камења како аметист, топаз, аквамарин и сл., од планината Урал со вредност помеѓу 20 и 200 карати.
Како што би претпоставиле, во тоа време немало доволно долг кран за поставување на петокраките, па направена е специјална изведба на кран за оваа цел. Поставувањето на петокраките бил своевиден празник за московјаните. Речиси целиот град се собрал на Црвениот плоштад да ја набљудува операцијата што траела половина час. Но, воодушевувањето не траело долго. По две исклучително остри московски зими, златните и скапоцени украси паднале од симболите. Затоа, во 1937 год., тие се редизајнирани овој пат со други материјали.
Патокраките се редизајнирани и во однос на големина и форма, а употребено е црвено стакло (т.н „ruby glass“ – стакло со црвена боја кое се добива со додавање на бакар, злато, селен и сл.) изработено по нова технологија (поевтина) со додавање на селен. Но повторно се појавил проблем. Стаклото почнало да потемнува под дејство на сончевите зраци. Проблемот бил решен со поставување на голем број светилки. Инсталираната моќност на светилките на кулите Спаскаја, Николскаја и Троицкаја е по 5000 W, додека на Боровицкаја и Водовзводнаја се по 3700 W. Денес, по 79 години, овие петокраки се уште стојат во овој облик. Ако патувате во Москва, не заборавете да им посветите внимание и на петокраките, а со шоља руски чај да се потсетите на приказнава.
http://students.sras.org/wp-content/uploads/2014/02/908643945.jpg