Насловна / Арт и дизајн / Историја на Светските изложби (World Expos) – „Универзалната изложба“ од 1889 во Париз

Историја на Светските изложби (World Expos) – „Универзалната изложба“ од 1889 во Париз

Svetska izlozba Pariz Ajfelova kula

„Универзалната изложба“ одржана во Париз во 1889 (Exposition Universelle de 1889) е оценета како своевидно славење  на меѓународните постигнувања во архитектурата, убавите уметности и најновите градежни технологии во тоа време. Без сомение, централна атракција на овој настан е Ајфеловата кула, подигната во знак на обележување на стогодишнината од Француската револуција.

Svetska izlozba Pariz ajfelkula medal

Во тоа време, кулата била највисоката градба во светот, а јавностa била навистина љубопитна да ја погледне панорамата на Париз од оваа највисока точка. Иако првично било предвидено да се дислоцира по завршувањето на изложбата, сепак таа останува на својата оригинална локација, и низ годините го заслужува епитетот на една од највпечатливите творби на светската архитектура.

Svetska izlozba Pariz Galerija na masinite

Но, уште еден објект од оваа изложба има исклучителна важност. Иако во сенка на Ајфеловата кула, прекрасната структура во стакло и челик на т.н. Галерија на машините (Galerie des Machines). Вградена е импресивна челична конструкција со распон од 111 метри без столбови. Се работи всушност за концепција слична на Crystal palace од претходната изложба во Лондон. Галеријата на машините, за жал, била срушена во 1910 година со цел да се расчисти просторот  долж „Champ de Mars“, најголемиот јавен зелен простор во Париз.

Pariz Marsovo pole

 

 

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top