Втората Светска изложба која е одржана во Барселона (по онаа од 1888), е „Меѓународната изложба“ од 1929 година. Изложбата резултирала во серија извонредни дела со различни архитектонски стилови. Многу од овие згради се поставени околу „Plaça d’Espanya„.
Овој грандиозен простор кулминира со „Националната Палата“, односно денешниот „Национален музеј на уметноста на Каталонија“.
Посебно е интересно дека овие градби коинцидираат со уште еден настан од истиот период, а тоа е „Barcelona Pavilion“. Иако тој е демонтиран во 1930 година, повторно е изграден во 1983 од група ма архитекти од Каталонија, на истата локација користејќи само неколку фотографии и преостанати цртежи.