Насловна / Арт и дизајн / Историја на Светските изложби (World Expos) – „Големата изложба“ од 1851

Историја на Светските изложби (World Expos) – „Големата изложба“ од 1851

Kristal Palas2

Светските изложби отсекогаш биле важни за архитектонската иновација и израз. Многу од најполпуларните монументални објекти биле проектирани и изградени токму за оваа манифестација. Низ историјата Светската изложба им нуди на архитектите да ги презентираат своите радикални идеи, и служи како своевидна лабораторија за тестирање не само на иновациите во дизајнот, туку и на технологиите на изградба. Во овој и наредните написи на истава тема, ќе презентираме по некој значаен објект кој оставил белег не само на Светските изложби туку многу пошироко.

Kristal Palas

Првата Светска изложба е онаа одржана во Лондон во 1851, позната како „Големата изложба“. Претставени се околу 100.000 проекти, но во центарот на вниманието била познатата „Кристална палата“( Crystal Palace). Проектиран од страна на Сер Џозеф Пакстон, и изграден главно од стакло и челик, овој објект демонстрирал неверојатни инженерски перформанси и претставувал најголема структура од стакло воопшто видена во градежништвото во тоа време.

Kristal Palas1

И покрај тоа што во 1936 година била уништена во пожар, оваа зграда останува предвесник на развојот на техниките на градење со користење на големи стаклени површини карактеристични за архитектурата на дваесеттиот век.

 

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top